Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Алтернатива наместо да стане коректор, станува партнер на криминалната дружина

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу СДСМ и Алтернатива во Владата, посочи дека очигледно Алтернатива наместо партија којашто сака да промени нешто во општеството и да стане коректор на искривените вредности, станува партнер на криминалната дружина на власт СДСМ и ДУИ.

„Исто така ја користам приликава и да прашаме до кога политичките партии од власта кои што не се дел од СДСМ/ДУИ и Алтернатива, ќе бидат слепи и неми посматрачи на сите криминали, неправди, и политички договори кои се на штета на сите граѓани во Македонија“, запраша Стоилковски.

Стоилковски одговарајќи на прашањето посочи –„Од друга страна Заев покажа дека е спремен да ја плати секоја цена само за да продолжи со крадењето, тендерите и разградувањето на државата. Но и денес СДСМ станува партија на многу проблеми и денес Заев е повеќе од порано заложник на Али Ахмети и на ДУИ“.

Стоилковски додаде дека не е прашање дали, туку кога час поскоро оваа власт ќе падне.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Беким Сали нов лидер на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски