Curiosity отвори убедливи докази дека некогаш во далечното минато планетата Марс била погодна за живот, објави ББС, повикувајќи се на податоци објавени од NASA.
Прецизната анализа на атмосферата на Марс покажала дека пред 4 милијарди години оваа планета не се разликувала особено од Земјата.
Во тоа време атмосферата на планетата била многу дебела, а површината – топла и влажна. Сепак од NASA наведуваат дека податоците се уште не дозволуваат да се зборува за живот на Марс.
Порано беше соопштено дека вториот марсоход – Opportunity, нашол во слој од глина во кратерот Ендевор вода со неутрална киселост. Единственото што се знаеше дотогаш, беше дека во минатото на планетата имало вода со многу висока киселост.