Арсовски: ФИТР да ги поддржи стопанството и младите научници иноватори, а не да дава грант од 2.400.000 денари за рецепт за пица што го има на Гугл

Од:

СДСМ никако не разграничи изминативе четири години што е иновација, а што е залудно трошење пари по нивни партиски пријатели и другари. Фондот за иновации чија основна работа е поддршка на иновации, наука и слична работа, не работи во ни малку сличен капацитет и насока за тоа што е создаден рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ , Димче Арсовски.

– И замислете, во криза во каква што се наоѓаме во моментов, СДСМ и Коста Петров наместо да работат за тоа што се платени, тие бараат рецепти за пица од старите римјани што потекнувале пред 2.000 години, за да ги поддржат со грант. И за таа пица, за таа рецепта на одредена фирма од Гостивар од каде што потекнува Коста Петров доделува грант од 2.400.000 денари, само за некоја фирма од Гостивар да ја примени рецептата старата тајна на римјаните од пред 2.000 години за правење пица. И додека над 2.400.000 денари ги доделуваат за грант за рецепта за пица како да е најголема иновација, истата таа рецепта можете да ја најдете на десетици пребарувачи на интернет. На Гугл да пишат одма ќе им излезе. Единствено е можно да ја пробал Коста Петров, па затоа да ја поддржал. Друго објаснување нема. Ова е најскапата рецепта за пица што е платена во Република Македонија и што воопшто историјата ја познава вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС