Почетокот на театарскиот фестивал „Ускана фест“ се одлага за 5 декември

Од:

Театарскиот фестивал „Ускана фест“, кој за прв пат годинава ќе се одржи во Центарот за култура во Кичево и на кој вечерва требаше да се одигра претставата подготвена од страна на Тетовски Театар се одложува за недела, 5 декември.

– Поради добро познатите причини по сообраќајката што се случи во Бугарија со голем жртви државјани на РСМ, одлучено е почетокот на фестивалот наместо вечерва да започне на 5-ти декември, недела. Како што беше најавено театарскиот фестивал „Ускана фест“ ќе го отвори Тетовски Театар со претстава „Страст и алчност“, рече режисерот и организатор на овој театарски фестивал Раим Рамадани.

Посочи дека не е исклучена можноста еден од театрите кој беше најавен во програмата да го откаже своето учество на театарскиот фестивал, а во тој термин можно е да се појави на сцената друга театарска група со друга претстава.

Остануваат на сила протоколите за заштита од Ковид 19 и ќе се применуваат за цело време на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка