ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на чело Македонија со 7 пати помалку инвестиции од Србија, и 10% помалку од Косово

Од:

„Со СДСМ на чело Македонија со 7 пати помалку инвестиции од Србија, и 10% помалку од Косово, државата последна во регионот по прилив на СДИ. Со 244 милиони евра прилив на СДИ за првата половина од 2021 година, земјава е на дното во регионот. Србија во истиот период привлекла инвестиции од над 1.7 милијарди евра, Албанија над 460 милиони, Косово близу 280 милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е убедливо најслаба по привлечени СДИ, а пред само неколку години беше на врвот на листите во Европа и светот.

Се повеќе инвеститори ја заобиколуваат земјата, а причинител за тоа е големата корупција, која ја нотираше и Транспаренси интернешенал, но и претставниците на американските компании, за што пишуваше и во Извештајот на Стејт Департментот.

Со Заев и со неговите луѓе на власт не може да биде поинаку, Македонија ќе тоне. Затоа е потребна брза промена на власта, а тоа е можно само преку брзи предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он