Лојд Остин: Евентуален одговор на САД на дејствијата на Русија по однос на Украина ќе биде усогласен со меѓународната заедница

Од:

Евентуалниот одговор на САД на дејствијата на Русија против Украина ќе биде договорен со меѓународната заедница, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Остин, кој е во посета на Јужна Кореја, ја повика Москва да биде транспарентна во врска со трупањето руски војници долж руската граница со Украина.

Министерот за одбрана изрази надеж дека САД и Русија ќе работат заедно на „решавање на прашањата, загриженоста и намалување на температурите во регионот“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкон ја предупреди Москва да ги повлече своите трупи од границата со Украина и рече дека руската инвазија ќе предизвика санкции што ќе ја погодат Москва посериозно од оние што беа воведени досега.

На прашањето дали реакцијата против Русија ќе биде само економска, Остин не даде директен одговор. Американскиот министер рече дека ќе се користат најсоодветните методи за одговор.

„Што и да правиме, ќе правиме како дел од меѓународната заедница. Најдобрата опција е да не бидеме сведоци на инвазија врз Украина од страна на Советскиот Сојуз“, рече Остин, кој погрешно ја нарече Русија – Советски Сојуз.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес