ВИДЕО: Полицаец со девет куршуми застрела човек во инвалидска количка бидејќи крадел од маркет во САД

Од:

Полицаец од американскиот град Тусон во Аризона уби човек во инвалидска количка, пукајќи девет куршуми, по што полициската управа му подготви отказ.

Во понеделникот вечерта Ричард Ли Ричардс (61) бил во моторизирана инвалидска количка и се движел кон влезот на супермаркетот „Лус“ во Тусон, кога зад него се појавил полицаец со репетиран пиштол.

Ова се случило откако вработен во „Волмарт“, кој го дели просторот со „Лус“, го предупредил полицаецот дека видел Ричардс како ја зема кутијата со алат без да плати, објави „Вашингтон пост“.

Вработените и полицаецот Рајан Ремингтон го следеле Ричардс низ паркингот, а во еден момент Ричардс замавнал со нож кон вработениот, додала полицијата.

„Не влегувајте во продавницата, господине“, извика Ремингтон додека Ричардс се движеше кон влезот на Лус.

Тогаш Ремингтон, како што се појавува на видеото без предупредување, му пришол на Ричардс од зад грб и од кратко растојание испукал кон него девет куршуми.

Во вторникот, началникот на полицијата во Тусон, Крис Магнус, им изјави на новинарите дека полициската администрација започнала постапка за отпуштање на Ремингтон, додавајќи дека обвинителството го истражува инцидентот.

„Да бидам јасен, јас сум длабоко загрижен за акцијата на полицаецот Ремингтон. Неговата употреба на смртоносна сила во овој случај е очигледно кршење на законот и директно противречи на неколку аспекти од нашата обука за употреба на оружје“, рече Магнус.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски