Отворена изложба од колонијата „Свети Јоаким Осоговски“ во Штип

Од:

Во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ од денеска публиката ќе може да ги види делата од меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“.

Директорот на Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков вели дека во фоајето публиката може да ги види делата на познати македонски, но и на светски уметници, кои своите дела ги реализирале во текот на колонијата. Забележа дека уметниците оставаат трајни вредности во манастирскиот комплекс, а нивните дела потоа можат да ги видат граѓаните низ цела држава.

– Она што е значајно е дека оваа колонија е меѓународна и во неа учествуваат уметници од цел свет. Знаеме дека колонијата ја завршија во исклучително тешки услови, поради пандемијата, но оставија вредни дела, коишто ќе бидат оставштина на Крива Паланка и на нашата држава, вели Трајков.

Писателот и драматург, Трајче Кацаров на денешното отворање на изложбата истакна дека со делата добиле писмо и од организаторот, кој информира дека колонијата постои 35 години, а досега во неа учествувале над 400 уметници од сите континенти и имаат колекција од околу 600 дела.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола