Во Србија почна со примена на Уредбата за замрзнати цени за основни намирници

Од:

Од денеска се применува уредбата на Владата на Србија со која се пропишува 60 дена да се „замрзнат“ цените на шеќерот, брашното тип 400, сончогледовото масло, свинско месо и млеко со 2,8 отсто маснотии. Цените на тие основни намирници се задржаа на износот што беше на 15 ноември, така што нема да бидат исти во сите продавници.

„Тоа значи дека максималната цена на конкретен производ од овие пет групи може да биде цената што тој конкретен трговец ја имал на 15 ноември“, изјави за порталот Н1 секретарот на Трговското здружение во Стопанската комора на Србија, Жарко Малиновиќ.

Ограничувањето на цените нема да важи за намалените и промотивните цени – доколку некој производ од таа група бил во продажба на 15 ноември, нема да важи неговата промотивна цена, туку редовната.

Регулативата предвидува и производителите да не смеат да испорачуваат производи од овие пет групи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

Казни се пропишани за фирмите кои се придржуваат до начинот на пресметување на маржата или не ги ограничуваат цените на петте основни намирници.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија