Девет часа „ТНТ“: Адвокатите тврдат вештакот работел за Цановски, Рустеми вели лажат

Од:

Девет часа траеше судењето за „ТНТ“, кое започна во 10 часот утрово, а заврши во 19 часот вечерва. Рочиштето беше продолжено и по работното време на судот, со одлука на судијата Огнен Ставрев. Предметот интензивно се суди во последниот месец, а рочиштата се одвиваат со кратки паузи односно со две паузи од по 15 минути. Обвинителот Бурим Рустеми за „А1он“ вели дека во текот на целиот ден имало распит на вешто лице кое изработило вештачење, а кое одбраната на обвинетите го спори. Адвокатот Еленко Миланов за „А1он“ за истото вештачење тврди дека ниту вештакот не знае врз основа на која методологија е изработено.

„Вештакот тврди дека има методологијата врз основа на која е правено вештачењето, но која е, дали е во закон или правилник, тој не знаеше. Вештакот се прилагодуваше, сноаѓаше, затоа траеше толку долго и распитот. Тој менуваше изјави, дали видел идеен проект, основен проект, дали видел колични на бетон и така натаму. Се оспорува дека објектот е воопшто стигнат до тоа ниво на изградба. Тој тврди дека едната ламела била девет ката, а од други слики се гледа дека има пет. Пумпани се пресметките, даночните ситуации, дека е вградено енормно големи колични, но за тоа, ќе видиме понатаму. Вештакот потврди дека има правено мислење за Фијат Цановски, но не можеше да се сети дали било пред или после изработката на вештачењето. Документацијата која ја гледа, ја гледам директно дадена од Цановски“, вели Миланов за „А1он“.

Обвинителот Бурим Рустеми за „А1он“ потврди дека вештачењето е правено врз база на документи кои нема во судот, но тврди дека во тоа нема ништо спорно. Прашан дали е точно обвинувањето на одбраната, дека вештакот претходно изработил мислење за Фијат Цановски, Рустеми вели: „Нема врска, лажат. Нема никаква поврзаност“.

„Тоа не е забрането, документите биле во фирмата, отишол вештакот, видел и направил вештачење. Може, не е забрането. Тоа се релевантни документи. Станува збор за фактури, градежни книги и така натаму. Адвокатите ќе одат во фирмата и ќе извршат увид.

Рустеми не верува дека за предметот „ТНТ“ ќе има пресуда до крајот на годинава.

„Нема да стигне, не верувам. Можеби, евентуално, во јануари. По вештачењето има уште еден вештак, па нивни вештак. Мислам дека четири-пет рочишта може да заврши, сосе завршни зборови“, кажа Рустеми.

Следното рочиште е закажано за 15 декември. До тогаш, одбраната треба да направи увид во документите врз основа на кои е правено вештачењето.

И претходни рочишта за „ТНТ“ се суделе по работното време на судот. Одбраната неколку пати обвинуваше дека се брза за пресуда да биде донесена во декември, пред новата година. На едно од претходните рочишта, месецов, беа одбиени и сите предложени докази од обвинетите, со објаснување од судијата Ставрев дека нема да ја променат фактичката состојба, а имаат цел да го одолговлекуваат судењето. Кога се закажуваа датуми за следни рочишта, а адвокатите и обвинетиот Миле Јанакиески реагираа дека имаат веќе рочишта за други предмети, судијата Ставрев посочи дека ќе ги откаже.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов