Гостиварец се обидел да го задави својот татко

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 27-годишен гостиварец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„При вршење семејно насилство во семејната куќа на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар, обвинетиот на 29 септември, ја загрозил сигурноста на сопствениот татко и сериозно му се заканил дека ќе нападне врз неговиот живот и тело. Во еден момент тој со двете раце го фатил татко му за вратот, но тогаш во просторијата влегла мајката на обвинетиот и успеала да го тргне.

За стореното кривично дело, јавниот обвините му предложи на Основниот суд Гостивар на обвинетиот да му определи условна осуда со утврдена казна затвор до три месеци“, информираат од Обвинителстото.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он