Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Од:

Во Кинотека вчера се одржа петтата сесија од втората сезона на проектот Филмска училница, со фокус на кратките експериментални филмови: кога се јавуваат како форма и какво е нивното значење во развојот на филмот како уметност и медиум.

Предавач на работилницата беше филмологот Александар Трајковски од Кинотеката на Северна Македонија, кој и самиот е автор на кратки експериментални филмови, и низ низа примери ги запозна учениците со феноменот на експерименталната форма во филмот. Трајковски говореше за процесот на опсервација и крупниот план во жанрот на експерименталната филмска форма.

– Во разговорот за значењето на експерименталната форма учествуваше и Натали Рајчановска Павлевска, докторант по теорија на уметноста на Универзитетото во Белград. Павлевска ги запозна учесниците со краткиот историјат на ескперименталниот филм и неговите главни фази на развој од 20-те, 50-те и 70-те години на минатиот век, како и со водечките имиња кои го етаблираа овој правец во филмската уметност, информираат од Кинотеката.

Филмската училница е проект наменет за учениците од скопските средни училишта, кои под менторство на филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева низ десет сесии, кои се одржуваат секоја сабота, имаат можност да ги запознаат основите на филмската историја и на филмскиот јазик. Учесниците имаат можност да гледаат филмови од архивот на Кинотека, да анализираат филмски дела, а низ сесиите на Филмската училница и да креираат кратки филмски етиди, кои потоа заеднички ги анализираат. На сесиите на Филмската училница гостуваат предавачи-специјалисти за различни области на филмската уметност и теоријата и историјата на филмот. Едукативниот проект е поддржан од Министерството за култура.

Од Кинотеката посочуваат дека во Филмската училница се вклучени десетина средношколци кои низ различни едукативни содржини и интерактивно-креативно учење се запознаат со националното аудио-визуелно културно наследство. Во реализацијата на Филмската училница учествуваат Владимир Ангелов, Александра Младеновиќ, Бојан Станишиќ, Александар Трајковски, Дамјана Ивановска, Стојан Синадинов, Игор Старделов, Петар Волнаровски, Тихомир Кашмицоски, Игор Богоевски, Арсим Лесковица, Кире Велков…

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска