Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Од:

Од 16 до 23 мај 2022 година – по трагите на успехот на претходните изданија – во „Кинотеката на Република Северна Македонија” во Скопје ќе се одржи XXII „Недела на италијанската кинематографија“, филмска ревија на италијански филмови, оваа година посветена на хероите и антихероите во италијанскиот филм.

dobivaj vesti na viber

Настанот во организација на Амбасадата на Италија ќе биде отворен денес на 16 мај во 20.00 часот со проекција на филмот „Го нарекуваа Џиг Робот“, оригинален трилер-фантазија во режија на Габриеле Маинети (2015). Во главната улога на филмот е Клаудио Сантамарија, кој со овој филм ја доби престижната награда Давид ди Донатело за најдобар главен актер, толкувајќи ја улогата на ситен криминалец од предградие кој се претвора во позитивен и непобедлив херој.

Филмови се преведени и титлувани на македонски јазик. Ревијата ќе продолжи со прикажување на серија понови филмови, со меѓународно познати актери како Стефано Акорси и Матилда Де Анџелис, главни улоги на филмот „Брз како ветрот“ (2016), инспириран од вистинската приказна на рели возачот Карло Капоне, понатаму, со комедијата „Италијанци“ (2009) со Карло Вердоне, Рикардо Скамарчо и Серџо Кастелито, понатаму, со „Сета моја луда љубов“ (2019) – возбудливо патување низ Балканот – со Диего Абатантуоно, Валерија Голино и Клаудио Сантамарија.

Елио Џермано, Изабела Рагонезе, Раул Бова, Лука Ѕингарети и Стефанија Монторси се протагонисти на драматичната и деликатна „Нашиот живот“ (2010). На крајот, ќе бидат прикажани два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Мама Рома“, во режија на Пјер Паоло Пазолини во 1962 година, со извонредната и незаборавна Ана Мањани, и конечно „Тежок живот“ (1961) со величествениот Алберто Сорди кој заедно со Леа Масари толкува емблематичен лик на идеалист кој ги претставува промените што ги претрпеа Италија и италијанците од повоениот период до годините на економскиот бум.

Би можело да ве интересира

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска

Српскиот документарист Горан Радовановиќ гостин во Кинотека

Ана Ололовска

Проекција на филмот „Фред“ и концерт по повод сто години од раѓањето на Фред Бускаљоне

Ана Ололовска

Филмот „Модна ревија: Од Глада Худик до Њујорк“ вечер во Кинотека

Ана Ололовска