СМК: Промената на името на државата е трајна промена и на името на народот и јазикот

Од:

Македонија да ги прекине преговорите за името, оти државното име е идентитетот на нацијата.

Промената на државното име е трајна промена на името на македонскиот народ и на македонскиот јазик, порача денеска Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, повторувајќи го нивниот став за името.

Според него, Македонија треба со нота да го извести генералниот секретар дека го продолжува членството во ОН под нејзиното државно име, затоа што ОН не дебатираат за името на државите биодејќи тоа е суверено право на сите држави членки на Светската организација.

– Ние поддржуваме секакви разговори за унапредување на односите меѓу двата народи и двете држави, но не и разговори за промена на уставното име на Македонија, вели Петров на денешната прес-конференција на СМК, Матицата на иселениците, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ и Сојузот на Македонците со исламска религија, а по повод претстојната Светска македонска средба во Трново која годинава ќе се одржи во знакот на 100 години од Балканските војни 1912-1913 и од Букурешкиот договор.

Според него, членството во ЕУ не значи и решавање на македонското прашање.

– Нерешни отворени прашања меѓу државите, било во ЕУ или надвор во ЕУ, ако постоеле ќе продолжат да постојат. По автоматизам прашањата ниту се елиминираат ниту се решаваат. Членството на Македонија во ЕУ го затвора просторот, меѓутоа анимозитетот и сегрегацијата не ги решаваат. И Бугарија стана членка на ЕУ, меѓитоа и Бугарија не признава постоење на Македонци, затоа што основата на тие држави од нивното формирање е во антимакедонизмот и антисемитизмот, појаснува Петров.

На новинарско прашање дали е можна ревизија на Букурешкиот договор од 1913 година кој претставува трагедија за македонскиот народ со последици до денес, Петров рече дека не постои суд каде тој може да биде поништен, но на 100 годишнината тие ќе декларираат дека за Македонците тој веќе не важи.

– Балканските војни за Македонија и Македонците се окупаторски, а земјите учеснички во војните, потписнички на Букурешкиот договор извршија окупација врз Македонија и геноцид врз македонскиот народ кој се’ уште трае. За Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, Букурешкиот договор повеќе не важи. Бараме права и слободи во земјите каде што живееме, извинување и репарации од владите на окупаторските земји, повикуваме на семакедонско помирување и обединување, репатријација и реституција, бараме враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни, се вели меѓу другото во декларацијата од овие здруженија.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски