ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја води државата во енергетска криза, за еден месец потрошени 40 милиони евра за увоз на скапа струја

Од:

„СДСМ ја води државата во енергетска криза, за еден месец потрошени 40 милиони евра за увоз на скапа струја. 16 милиони евра платила државата за кражбата на струја од европската мрежа за само еден месец, дополнително се реализирани сет на купувања на струја од над 11 милиони евра и уште едно десетдневно резервирање од 12 милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Цената по која власта купува сега струја е и над 250 евра по мегават. Тоа е и над 5 пати од производствената цена на струјата во РЕК Битола или другите домашни капацитети.

Но, наместо во РЕК, каде струја не се произведува затоа што од ЕЛЕМ и претпријатието не ископаа на време јаглен, сега се увезува скапа струја и се полнат приватни џебови.

Стопанството веќе ја чувствува скапата струја. Домаќинствата допрва ќе го почувствуваат ударот. И на сето тоа ни се заканува и растечка инфлација и обезвреднување на парите. Стандардот на народот е се помал.

Оваа власт на водена од кадрите на Заев не може да ја смени сликата и црната реалност. Затоа потребни се брзи избори и нова влада која ќе знае како да ја извади државата на вистински пат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он