Опозицискиот фронт бара итна седница

Од:

Опозицискиот фронт поднесе барање за итна собраниска седница на која задолжително бара да се обратат Претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски.

Тема на седницата би било дефинирањето на идниот план и активности на државниот врв за исполнување на стратешките интереси на граѓаните за ЕУ и НАТО по самитот во Чикаго.

Опозицискиот фронт ги повика Иванов и Груевски да не избегнуваат соочување со граѓаните и јавноста.

Барањето е доставено до Собранието и на него се потписи од 42 пратеници. Според деловникот спикерот Трајко Велјаноски може да ја свика седницата и во пократок рок од 10 дена.

Би можело да ве интересира

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски