Кривична пријава против двајца дилери, пронајден кокаин

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е поднесена кривична пријава против двајца дилери кај кои е пронајден кокаин.

„Денеска (26.11.2021), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со СВР Охрид до Основното Јавно Обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик.

Во периодот од јули до ноември 2021, И.Д. набавил кокаин од едно лице, по што заедно со второпријавената Д.Д. во неговиот дом го препакувале во помали пакувања и го препродавале по цена од 4.000 до 5.000 денари за еден грам, за што се обезбедени докази.

На 25.11.2021 на ул.,,Марко Цепенков“ во Охрид, полициските службеници од ОСОСК и СВР Охрид извршиле контрола на патничко возило „ренџ ровер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., при што биле пронајдени денари и евра во различни апоени, додека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и повеќе банкноти денари и евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, по што лицата се лишени од слобода, за што МВР веќе информираше утринава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Ник Кирјос суспендиран поради кокаин

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници