Шахпаска – Пејчиновиќ Буриќ: Преку системски политики против дискриминацијата и насилството врз жените

Од:

Во рамките на Меѓународната конференција за жените Ромки што се одржа во Советот на Европа во Стразбур, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска имаше средба со генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, информираат од Министерство за труд и социјална политика.

На состанокот, министерката Шахпаска се заблагодари за континуираната поддршка што Советот на Европа и ја дава на Северна Македонија во развојот на демократските процеси, но и за поддршката и инклузијата на ранливите категории граѓани. Таа информираше дека во изминатиов период е заокружен процесот на усвојување и интензивно се работи на целосна имплементација на две клучни законски решенија, односно Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

– Веќе е формирана и функционира целосно независна и професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, што е значајна придобивка во градењето на демократско и праведно општество. Во борбата против насилството врз жените обезбедивме мултисекторски пристап кој гарантира превенција и поголема заштита за жртвите. Тоа е особено важно во периодот на пандемија кога во одреден период и движењето беше ограничено, нагласи министерката Шахпаска.

Генералната секретарка Пејчиновиќ Буриќ се заблагодари за посветеноста на Северна Македонија во процесот на унапредување на правата на Ромите и Ромките, како и нивната целосна интеграција и во тој контекст и се заблагодари на министерката Шахпаска за учеството на Меѓународната конференција за жените Ромки. Таа ја поздрави посветеноста на Северна Македонија во спроведувањето на националните политики за социјална заштита во контекст на Европската социјална Повелба која е еден од најважните столбови во системот на заштита на човековите права.

Министерката Шахпаска информираше дека Северна Македонија преку повеќе паралелни процеси работи на зголемување на вработливоста на жените, преку децентрализација на социјалните услуги, преку изградба на градинки вклучително и во локалните средини, како и преку Оперативниот план на активни програми и мерки кои обезбедуваат прецизно таргетирани обуки и тренинзи.

На состанокот се разговараше и за правата на децата во контекст на Стратегијата за правата на децата на Советот на Европа.

Двете соговорнички заклучија дека и во наредниот период ќе продолжи тесната соработка меѓу Советот на Европа и Северна Македонија на полето на градење и унапредување на демократијата и почитувањето на човековите права.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Левица: Семејното насилство да се гони по службена должност – потребни се итни промени на Кривичниот законик

Горан Наумовски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец ја киднапирал и крвнички ја тепал поранешната партнерка, продолжил да ја удира и откако си ги исекла вените

Катерина Ѓуровски