Лефков: Оставки на Спасовски и Бочварски

Од:

Сосема свесно цели три дена, додека траеа прогласените денови на жалост, не излегувавме со оценки во јавноста, со цел истите да не бидат сфатени како внесување на политика во целиот овој процес. Ние ќе продолжиме така и да се однесуваме, но воедно нема да премолчиме за очигледните пропусти, недоречености и барањето на одговорност за страшната несреќа речен а прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

-Вистината е дека трагичната несреќа меѓу другото е последица и на немањето на функционален систем за превенција на вакви несреќи, корумпираноста на истиот и злоупотребите кои се прават со знаење на челните луѓе на одговорните министерства. Овие три дена сме сведоци на префрлањето на одговорност од МВР на Инспекторатот за транспорт воден од Руфат Хусеини кој доаѓа од Зајас, па тој Инспекторат до Царината, за да на крај одговорноста спадне на некаков службеник од царината што значи дека и овој пат одговорност нема да има. Автобусот не бил регистриран во регистарот за возила за превоз што отвора сомнеж за минувањето на граница, вели Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ предлага владата и институциите да превземат вонредни мерки: Вонреден технички преглед на сите патнички автобуси и средства за јавен траспорт на патници на трошок на државата, Вонредна контрола на станиците за технички преглед, во поглед на условите и начинот на работа, истрага за тоа како поминал автобусот на граница без да е впишан во регистарот на автобуси, јавно објавување на регистарот на автобуси и негов најнов апдејт, во иднина сите автобуси постари од 8 години наместо 2 задолжителни технички прегледи годишно да имаат најмалку 3, а автобусите постари од 12 години да имаат 4.

-И на крај, преседаните пишуваа правила во нашата држава. Каде е моралната одговорност на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Зошто овие луѓе барем не понудија оставка поради морални причини. Очигледно не е само Филипче е со образ ѓон, туку цела влада е таква. Најмалку нешто што може да го направат е оставки на Спасовски и Бочварски од морални причини, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски