Маричиќ: Одложувањето на почетокот на преговорите со ЕУ ќе има негативно влијание не само врз Македонија, туку до целиот регион

Од:

За време на работната посета на Брисел ја пренесов порака дека понатамошното одложување на почетокот на преговорите со Европската унија ќе има негативно влијание не само врз Северна Македонија, туку врз целиот регион, напиша утрово на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ.

– На состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј повторив дека сите реформи кои беа побарани од нас како држава за почеток на преговорите се спроведени, вклучително и оние во правосудството, истакнува Маричиќ.

Во Европската комисија, министерот за правда, одржал работен состанок и со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс на кој, како што вели, му ги претставил реформите кои во моментот ги прави Владата во однос на владеењето на правото.

– Се сложивме дека е потребно темпото на реформи да се задржи, а отворањето на преговорите со ЕУ ќе биде само дополнителен катализатор на истите, напиша министерот Маричиќ.

Ова беше втора работна посета на министерот Маричиќ на Брисел оваа година.

Би можело да ве интересира

Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ

За жал, некои од вас ќе остана без одмор – предупредување за Европејците

Брисел деблокира 90 милијарди за Киев: Каја Калас ги објави клучните одлуки во Луксембург

До крајот на овој век, во Европската Унија ќе има 53 милиони помалку луѓе

Од петок почнува целосната имплементација на системот за влез/излез на Европската унија

ЕУ ги разгледува сите опции поради влијанието на војната врз снабдувањето со енергија