Јанша во аферата „патрија“ веројатно имал „помагачи“ во БиХ, тврдат сараевските медиуми

Од:

Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша, кој минатиот месец беше осуден на две години затвор поради примање поткуп во рамки на аферата „Патрија“, веројатно имал свои „помагачи“ во Босна и Херцеговина, тврдат сараевските медиуми.

Јанша, чија пресуда не е правосилна, беше обвинет дека примил мито при набавката на оклопни возила од финската фирма „Патрија“ за потребите на словенечката армија.

Медиумите во БиХ веруваат дека неговиот случај „отвора врата“ и за проверка на сите текови на парите, како и за доставата на опрема и оружје во Босна и Херцеговина за време на војната.

Сараевските медиуми веруваат дека по корупциските афери во самиот врв на политичката сцена во Словенија и во Хрватска, сега треба да се откријат сите такви случаи и во БиХ, а посебно случаите на сите оние кои беа блиски со Јанша и работеа со него, а се уште се присутни во босанскохерцеговската политика.

Пресудата на Јанша го отвора прашањето за неговата улога во шверцот на оружје за БиХ во време на војната, забележуваат медиумите во Сараево, потсетувајќи на откритијата на весниците во Словенија од пред 20 години дека Јанез Јанша, кој во тоа време беше словенечки министер за одбрана, бил вклучен во продажбата на оружје на БиХ и Хрватска.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски