Завршува општата комисиска расправа за буџетот за 2022, од утре ќе се разгледуваат амандманите

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе го одржи последниот ден од општата расправа за Предлог-буџетот за следната година, а утре треба почне амандманската расправа која се очекува да заврши в среда. За Предлог-буџетот се поднесени вкупно 223 амандмани. Расправата за буџетот не продолжи неделава поради откажувањето на сите собраниски активности по автобуската несреќа во Бугарија.

Се предвидува, според информации од пратениците, амандманската расправа да заврши в среда, а потоа текстот да се достави до Владата, која треба да ги вгради прифатените амандмани. Откако ќе биде вратен во Собранието, дополнетиот Предлог-буџет оди на пленарна седница, а таму расправата трае пет дена.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, образложувајќи го Предлог-буџетот за 2022 година пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, најави дека наредната година ќе биде година на натамошно економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции кои во Предлог-буџетот се предвидени на историски највисоко ниво досега и се првпат поголеми од буџетскиот дефицит.

– Сепак, во услови на сѐ уште присутни ризици од пандемијата од Ковид 19, клучна ќе биде и грижата за заштита на здравјето и животите на населението. Неизоставен дел е и редовната исплата на плати, пензии и социјални надоместоци и поддршката на економијата, рече тој.

Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани во износ од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. Во Предлог-буџетот за 2022 година за капитални инвестиции се предвидени 37,8 милијарди денари, за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Приоритет ќе бидат когенеративните термоцентрали да изградиме четири или пет такви

(ВИДЕО) Лукаревска до Мицкоски: Го уништивте Скопје, каде ви се автобусите што ги ветувавте?

Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025