Франција ќе дава засилувачка доза од анти-ковид вакцината на сите лица над 18 години

Од:

Француските здравствени власти предложија проширување на аплицирањето на засилувачката доза на анти-ковид вакцината на сите лица над 18-годишна возраст, и тоа пет месеци по целосната вакцинација.

Владата пред само шест дена го прошири администрирањето на третата, бустер доза за лица над 40 години, шест месеци по целосната вакцинација, а денеска таа мерка дополнително ја прошири на сите лица над 18 години.

Соопштението беше објавено непосредно пред најавеното обраќање на француската министерка за здравство, Оливија Веран, која ќе зборува за новите мерки на Владата во моментот кога земјата ја зафати петтиот бран на епидемијата, кој, како што изјави, се шири со „молскавична“ брзина.

Владата одлучи да го забрза давањето на бустер доза поради повторното ширење на епидемијата „посилно од очекуваното“.

Владата во Париз верува дека „загрижувачкиот епидемиолошки контекст го оправдува забрзувањето на кампањата за вакцинација и скратувањето на периодот меѓу првата вакцинација и засилувачката доза“, соопшти Високата здравствена администрација (HAS).

Одлуката се заснова на проекциите на Институтот Пастер, кој смета дека притисокот врз болниците ќе се намали доколку се примени бустер доза за сите постари од 18 години, во пократок период после целосната вакцинација. Според здравствената управа, намалувањето на притисокот врз болниците е 39 отсто доколку бустер дозата се прими шест месеци по последната доза, а надминува 50 отсто доколку се прими по пет месеци.

Се наведува дека основаноста на оваа стратегија се гледа и во податоците од студиите во реалниот живот во Израел.

Исто така, се посочува дека од клучно значење е да се продолжи со вакцинирање на лицата кои сè уште не се вакцинирани, како и строго да се почитуваат другите мерки кои се воведени за борба против ширењето на заразата.

Би можело да ве интересира

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде

Речиси 100 приведени на забранетиот протест на „Конвојот на слободата“ во Париз

ВИДЕО: Дел од конвојот демонстранти против вакцинацијата влезе во центарот на Париз, полицијата реагираше со солзавец

Франција воведува потврди за вакцинација, ќе важат во ресторани, кина, возови

Повеќе од половина милион здравствени пропусници денеска престануваат да важат во Франција

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19, најмногу за 24 часа од почетокот на пандемијата

Катерина Ѓуровски