Тадиќ со Додик во Бања Лука

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денес во Бања Лука ќе разговара со поранешниот претседател на Србија и претседателот на Демократската партија, Борис Тадиќ, кој смета дека мора да се продлабочи врската помеѓу Србија и РС.

Според Тадиќ односите мора да се продлабочат и да се зајакне врската и националните институции без кои нема да постои српскиот народ.

Кога станува збор за соработката на владата на РС и Србија, Тадиќ рече дека таа е добра и дека била целосна кога тој бил претседател.

Поранешниот претседател на Србија најави посета на Сараево, Мостар, Црна Гора и Словенија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија