Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, ги сподели своите размислувања за трката во Катар и заостанувањето зад Ред Бул во борбата за шампионскиот трофеј во Формула 1.
Изминатиот викенд во Катар, Луис Хамилтон победи, додека Валтери Ботас не освои бодови.
– Измешани чувства поради проблемите на Валтери. Да победеше Макс Верстапен во Катар, тогаш борбата за титулата ќе завршеше. Сега Луис заостанува само осум бода, а во поредокот кај конструкторите сме неколку бода предност. Болидот на Хамилтон покажа брзина, овој викенд. Ова е многу добра вест и треба да се продолжи во истиот дух. Ќе се бориме до крај. Пред неколку етапи ретко кој очекуваше дека ќе издржиме толку долго во борбата. Ова е битка за самиот врв, а ние се трудиме да уживаме во секоја минута. Ако на крајот победиме, ќе биде неверојатно. Ако загубиме, тогаш ривалите ја заслужуваат титулата. Потоа ќе ја чекаме следната сезона, изјави Волф за британските медиуми.
Во поредокот на возачи, Верстапен од Ред Бул има 351,5 бода, Хамилтон е втор со 343,5, далеку зад нив се останатите.
Кај конструкторите, Мерцедес е прв со 546,5 пред Ред Бул со 541,5 бод.