Програмерите не престануваат да не изненадуваат со новите апликации кои постојано ги поставуваат на интернет, па сега сме во можност прецизно пресметаме кој жител сме биле по ред на планетата Земја во моментот кога сме се родиле.
Интересната апликација пресметува и колку луѓе пред вас живееле од кога почнала историјата, јави Portal021.rs. Двата броја се добиваат врз основа на податоците за популацијата кои ги имаат Обединетите нации. Првиот број е точниот број луѓе кои биле живи во моментот кога сте се родиле.
Сепак, податоците кои се пресметуваат за лицата родени пред 1950 година не се така прецизни, како за оние кои се родени подоцна. Втора бројка, онаа која покажува колку луѓе живееле пред нас, се пресметува со методата на Карл Хауб. И неговата пресметка е заснована на податоците на ОН.
Доколку сакате да знаете кој жител по ред сте биле на планетата Земја кога сте се родиле и колку луѓе живееле пред вас, отворете ја оваа страница и внесете го вашиот датум на раѓање. http://www.bbc.co.uk/news/world-15391515
Освен што ќе го добиете податокот за “вашиот реден број’, после внесување на податоците за земјата во која живеете и вашиот пол, оваа апликација ќе ви даде и повеќе информации за демографските карактеристики и прогнози за регионот во кој живеете.