Пакистанската полиција уапси еден готвач во централниот дел на земјата, обвинет за труење на 22 лица поради резултатите од локалните избори и политичките несогласувања.
Полицискиот командант Садил Догар изјави синоќа дека случајот со труење во градот Малиса во покраината Пенџаб е резултат не неодамнешните локални избори на кои Арсал Кан Кичи загубил од роднината Џеханзеб Кан Кичи.
Арсал му платил 50 илјади рупии (500 долари) на готвачот Мохамед Рафик за да ја затруе храната на 9 јуни во куќата на неговиот ривал. Речиси 50 лица се префрлени во болница поради труење, од кои 22 починале.
Догар додаде дека победникот на изборите Џеханзеб не бил во домот, кога се случил инцидетот.