СДСМ: Мицкоски промовира проекти од наши градоначалници

Од:

Проектот во Охрид на кој денеска Мицкоски како партиски лидер учествуваше е проект изработен од претходната општинска администрација предводена од Константин Георгиевски и СДСМ, со поддршка од Министерството за транспорт и врски велат во писмената реакција од СДСМ.

-Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините. Во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на Јавни претпријатија под надлежност на општините? Дали Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе реагира за оваа злоупотреба или чека некој друг да поднесе претставка? Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше и премиер и министер и градоначалник. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е само копија на неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски, се вели во соопштенето од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата амбиција е да станеме сериозна држава, што ја знае својата историја, но не е заробена во неа

А1он

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк