Германецот Александер Зверев ќе биде противник на Данил Мадведев во големото финале на АТП завршниот турнир што се одржува во Торино.
Зверев во вечерашното полуфинале беше подобар од првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови. Два ипол часа се надигруваа и Зверев со 7:6, 4:6, 6:3 дојде до триумф со кој е во можност утре да игра за пехарот во Италија.
A match to remember for @AlexZverev.
That was some battle!#NittoATPFinals pic.twitter.com/GmpDMzcNQ6
— ATP Tour (@atptour) November 20, 2021
Ова е втора голема победа на Зверев над Ѓоковиќ во 2021 година, првата беше во полуфиналето на ОИ во Токио каде исто со 2-1 беше подобар од 20-кратниот грен-слем шампион.