Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) оствари најбрзо време на денешните квалификации пред неделната трка за Големата награда (ГН) на Катар.
Ова е 102. пол-позиција во кариерата за 37-годишниот Хамилтон, кој сезонава има шанси да ја освои рекордната осма титула светски првак.
Возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен, кој води со 14 бодови предност пред Хамилтон на три трки до крајот на сезоната, имаше второ време во квалификациите, но со речиси половина секунда заостанување зад британскиот ривал.
Од вториот ред на утрешната ноќна трка, која започнува во 15 часот во средноевропско време, ќе стартуваат Финецот Валтери Ботас (Мерцедес) и Французинот Пјер Гасли (Алфа Таури).
Ова ќе биде трка од Формула 1 во Катар на 5.380 километри долгата патека, на која досега се возеа трки во мотоциклизам.