Германија нема да воведува задолжителна вакцинација против Ковид-19

Од:

Откако Австрија најави воведување задолжителна вакцинација во февруари во соседна Германија, истакнуваат дека такво нешто нема да воведат во државата.

„Такво нешто нема да има во Германија”, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за весникот „Билд”. Тој нагласи дека Германија смета дека тоа не е потребно, а тешко е да се спроведе уставно и законски.

Политичарката од ФДП задолжена за здравство, Кристине Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата за задолжителна вакцинација не помага.

„Особено земјите со драматичен број на заразени со Ковид-19 треба да се концентрираат на проширување на понудата за вакцинација и спроведување нови мерки”, истакна таа.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија