Волстрит џурнал: САД спречиле изградба на таен воен објект на Кина во ОАЕ

Од:

Американските разузнавачки служби дознале дека Кина се обидува „тајно“ да воспостави воен објект во Обединетите Арапски Емирати, што довело до интензивна дипломатска комуникација меѓу САД и ОАЕ, јави американскиот весник Волстрит џурнал.

Според весникот, Кина наводно се обидела тајно да воспостави воен објект во пристаништето Калифа, 50 километри северно од Абу Даби. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги предупредила властите на ОАЕ за присуството на Кина во земјата, откако тоа било откриено со сателитски снимки во текот на пролетта.

За ова прашање се воделе интензивни разговори меѓу претставници на САД и ОАЕ.

Градежните работи се прекинати по притисокот од САД, а Волстрит журнал објави дека Бајден двапати директно разговарал со престолонаследникот на ОАЕ Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, во мај и август оваа година.

Властите на ОАЕ потврдија дека Кина имала интензивни комерцијални активности во пристаништето Калифа, но дека немаат информации за обид за тајно воспоставување воен објект.

Кина ги зајакна економските односи со Обединетите Арапски Емирати во последниве години, а во текстот се истакнува дека моментално е еден од најголемите купувачи на нафта и трговски партнери на земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате