Голманот на Челзи, Петр Чех даде поддршка за обидот на управата на клубот да го доведе во своите редови фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
Но, Манчестер ја одби понудата и покрај тоа што напаѓачот во повеќе наврати истакна дека сака да си замине од „Олд Трафорд“.
Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо изјави дека само Руни сака да го доведе во клубот, во летниот преоден рок.
-Руни е одличен фудбалер, но тој во моментов е играч на Јунајтед. Ќе видиме што ќе се случи. Секогаш сакате најсилен тим, бидејќи можете да се борите за титулите-изјави Чех.
Голманот на Челзи соработуваше со Мурињо, кога со истиот клуб 2005 година ја освои шампионската титула.
Елена Георгиевска