Премиерот на соседна Грција, Андонис Самарас не покажува расположение за фокусиран и интензивен дијалог за надминување на спорот во рамки на процесот дефиниран во ОН, а вината за блокирањето на Македонија ја префрла на сметка на ЕУ, се вели во реакцијата од македонското Министерство за надворешни работи по одговорот на Самарас на писмото на македонскиот премиер Никола Груевски.
Самарас ги одби средбите со македонската страна на највисоко ниво со образложение дека немало потреба од нив бидејќи Грција не била таа што ги блокира евроинтеграциите, туку самата ЕУ не дозволува Македонија да оди напред.
Груевски во писмото што пред дваесетина дена му го испрати на грчкиот премиер, предложи разговори на двајцата премиери и на нивите тимови, за решавање на спорот со името.