Бајден во Белата куќа се среќава со лидерите на Мексико и Канада

Од:

Лидерите на САД, Канада и Мексико денеска ја оддржуваат својата прва трилатерална средба во последните пет години на која ќе се дискутира за старите проблеми, како што се климатските промени, миграцијата и економската конкуренција, но и новите предизвици како што е пандемијата на Ковид-19.

Премиерот на Канада Џастин Трудо и претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, денеска се среќаваат во Белата куќа со претседателот на САД, Џо Бајден.

Прво лидерите на Мексико и Канада ќе имаат билатерални средби со Бајден, по што сите тројца ќе се собираат на првиот од 2016 година самит на лидерите на Северна Америка.

-Ова е кулминација по десет месеци работа на заживување на севернамериканската платформа, која е од огромно значење како за нашиот внатрешен економски успех, така и за партнерството, кое може да одигра важна улога во решавање на регионалните и глобалните проблеми, изјави Крис Мигер, заменик прес-секретар на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии