Приведено лице барано по потерница

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е приведено лице кое било барано со потерница.

„Денеска (18.11.2021) во 13.10 часот на ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Р.(30) од Шуто Оризари, скопско. За него била распишана Централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на казнено-поправна установа за издржување на казната“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката