ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да го истражат случајот со ЕВН, а СДСМ потоа да се извини

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите да го истражат случајот со ЕВН, а СДСМ потоа да се извини, многу скоро ќе излезе дека луѓе блиски до нив терале бизниси со таа компанија“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Богданка Кузеска.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа институциите да го истражат секој денар кај него и неговото семејство, но кога ќе се утврди вистината, СДСМ да се извини јавно за грубите манипулации со кои ја труе јавноста.

Многу скоро ќе излезе дека всушност лица блиски до СДСМ работеле со таа компанија.

А целиот дефокус кој го прави власта и грубите манипулации се со цел да ја покријат безидејноста како понатаму, но и ситуацијата во која западнаа да ја држат власта без мнозинство во собранието.

Наместо да читаат празни пресови без суштина. Заев да си замине и да одиме на брзи избори. Државата и граѓаните чекаат работа, а не лаги и манипулации како што тоа прави СДСМ сега“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он