Намален водостојот на Преспанското Езеро

Од:

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,62 метри понизок од повеќегодишниот просек за ноември и е 12 сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за 14 сантиметри и е на два сантиметра над дозволениот минимум од 693,10 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просекот за овој месец.

Нивоата на реките во земјава се најчесто во рамките на просекот и кај речиси сите има благо намалување или се на истото ниво како вчера. Исклучок се реките Струмица на мерното место кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани каде водостојот е малку повисок од вчерашниот.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска