Тотенхем планира да му понуди двојно зголемување на платата на својот најдобар играч Герет Бејл во обид да го задржи и покрај големиот број богати понуди што стигнуваат на негова адреса.
Новата понуда на клубот за Бејл изнесува девет милиони евра наспроти досегашната која изнесуваше четири и пол милиони евра.
Со овој потег претседателот на Тотенхем Даниел Леви се обиде да одговори на се позачестените понуди кон Велшанецот од страна на Реал Мадрид.
Бејл има важечки договор со „спарси“ до 2016 година, а со евентуално прифаќање на новата сума би станал еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.
Трите најдобро платени фудбалери во Англија се: Един Азар од Челзи (11 милиони евра), Вејн Руни од Манчестер Јунајтед (10 милиони евра) и Јаја Туре од Манчетсер Сити (10 милиони евра).