Првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“, во издание на ФОЛКОНИКА Скопје – Центар за зачувување и развој на македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца, денеска ќе биде промовирана преку платформата Зум, со почеток од 11 часот.
Сликовницата „Слушам кај шумат шумите“ е дел од проектот „Музички фолк сликовници за деца“.
-Првата фолк сликовница е почеток на серијата од наслови на музички фолк сликовници, кои ќе следуваат со проектот, информираат од ФОЛКОНИКА.