Приведен кичевец кој агресивно се однесувал врз полицајци

Од:

Поради агресивно однесувањее кон полициски службеници, вчера околу 20 и 30 часот е лишен од слобода Д.П.(51) од Кичево.

-Тој кај бензиската станица лоцирана на магистралниот пат Кичево –Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агесивно однесување кон полициски службеници кои превземале службени дејствија. Д.П .е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Стефан Димоски од СВР Охрид.

Истиот ден на улица„ Мечкин Камен“ во Кичево, од страна на полициски службеници од ОВР Кичево приведен е З.М. (38) од Кичево, кој претходно го нарушил јавниот ред и мир и упатил вербални закани кон негов сосед.

– Против него ќе биде поднесена соодветна пријава-, додаде портаролот Димоски.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски