Бесими: Решение за името со ангажман на двете страни

Од:

Членството во Европската унија е една од стратешките определби на Македонија. Остануваме отворени и конструктивни на тој пат за да се надминат сите предизвици, вклучувајќи го и отвореното прашање за името, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Одговорајќи на новинарски прашања, Бесими рече дека за да се дојде до решение потребна е вклученост од двете страни. Вели дека не е информиран за содржината од писмото што Самарас му го испратил на премиерот Никола Груевски.

– Интерес на Македонија е да биде членка на ЕУ, но истовремено тоа е интерес и за Унијата и за Грција. Треба заедно да вложиме напори за да ги надминеме сите предизвици и што поскоро Македонија да стане членка на Унијата зашто ЕУ е меѓу другото концепт што во себе вклучува и проширување, а тоа се уште не е завршено за Западен Балкан, истакна Бесими.

Според него, оптимистички резултати се зачленувањето на Хрватска во ЕУ и постигнувањето договор меѓу Приштина и Белград.

– ЕУ продолжува со определбата за проширување. Тоа е добрата вест и треба да настојуваме да бидеме дел од прогресот во однос на членството, додаде вицепремиерот Фатмир Бесими.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска