Шпан: Пандемијата ја зголеми економската зависност на Германија од Кина

Од:

Пандемијата со Ковид-19 ја зголеми економската зависност на Германија од Кина во многу области, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Тој додаде дека е потребна отворена дискусија за тоа како да се намали прекумерната зависност од растечкиот азиски гигант.

– Го видовме фактот колку станавме зависни од Кина, изјави Шпан на економската конференција организирана од дневниот весник „Зидојче чајтун“, посочувајќи на зголемениот увоз на маски за лице и медицинска опрема од Кина.

– Само за ова би било вредно да се разговара на нашиот сопствен економски самит, односно прашањето како да ја намалиме нашата зависност од Кина повторно во оваа деценија, заклучи Шпан.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин