Реџепи се пријавил во полиција и рекол дека не бил исчезнат, бил кај пријател

Од:

Пратеникот од БЕСА Кастриот Реџепи денеска своеволно допшол во полициска станица, каде дал изјава дека никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во врска со вчера добиената пријава во ПС Бит Пазар за К. Р. , МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, се вели во соопштението од МВР.

Лидерот на БЕСА Биљал Касами, вчера информираше дека пријавил во полиција оти „пратеник на движењето БЕСА е исчезнат“ и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен.

Кастриот Реџепи вчера не присуствуваше на собраниската седница за гласање доверба на Владата. Пo шпекулациите за негово наводно исчезнување и киднапирање, Реџепи се огласи до јавноста преку својот Фејсбук профил и најави дека во понеделник ќе се појави пред новинарите за да разјасни што се случило со неговото вчерашно непојавување во Собранието каде требаше да се гласа за доверба на Владата.

Тој ја повика неговата партија, Движењето БЕСА, да не презема избрзани чекори кои ќе им нанесат штета на партиските структури и активисти.

Би можело да ве интересира

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски

Попов: Младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Горан Наумовски

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски