Ковачки: Само брзи избори се решение на политичката криза

Од:

Само брзи избори се решение за политичката криза кон која Заев ја турка државата, со насилие и недемократски методи во политичка криза и неизвесност. Вчера Заев мораше да киднапира пратеник, за на одреден период да си го продолжи мандатот, и можноста за крадење. Со крајно недемократски средства е вршен притисок врз опозициски пратеници кои ставија потпис за пад на владата на Заев да се откажат од тоа рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

„Повеќе од 10 часа пратеникот Кастриот Реџепи беше недостапен за јавноста, за неговите сопартијци, колеги и членови на семејство. За на крај одредени медиуми да изнесат информации дека цело време бил во седиштето на една партија од власта. Од вчера оваа влада е единствената власт која нема мнозинство, има само 59 пратеници и е на чело на државата. Оваа власт е истата онаа која предизвика енергетска криза, која не е способна да ја реши. Оваа власт е причина за лошото менаџирање со ковид кризата и најголемата смртност во Европа. Тие се виновни за 111 место на Транспаренси, затоа што наместо да работат крадат. И кризата, криминалот и корупцијата со овие луѓе уште ќе се продлабочува“ – вели Ковачки.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела