Александар Вулин изјави дека Приштина се покажа како сериозна пречка за спроведување на бриселскиот договор и како голем противник за интеграцијата на Србите на Косово.
Вулин за „Танјуг“ рече дека најново загрижување е донесувањето на некои административни одлуки за избор на регионалниот командант на полицијата, но и тоа што овие денови Приштина најави воведување војска на Косово.
-За нас тоа е неприфатливо, изборот за регионален командат што е и регулирано со договорот, па и самиот договор не може да се промени. Тоа што е договорено во Брисел не може да се менува во Приштина-порача тој.
Тој додаде дека е неприфатлива идеата по која Приштина ќе ги предлага кандидатите кои што српската заедница потоа ќе ги доставува со усогласување.
-Ова сериозно го загрозува спроведување на договорот и можноста за интеграции на Србите на Косово.
Според неговите зборови, владата на Србија тоа што го договорила во Брисел нема да дозволи Приштина на кој било начин да го смени.
Елена Георгиевска