Во Велес се одржаа 54. Детски Рацинови Средби

Од:

Во чест на безвремениот Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес денеска по 54 пат се одржаа Детските Рацинови средби.

Во салата „Бели Мугри“ во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ по 54-ти пат, на едно место се собраа млади поети од повеќе градови во државата и талентирани ликовни уметници, чии творби и уметнички дела конкурираа на распишаниот литературен и ликовниот конкурс „Детски сништа во мугрите“. Меѓу стотината пристигнати творби од целата земја добитник на наградата Гран-при на Литературниот конкурс е деветтоодделенката Ева Дејановска од Гостивар, добитник на Гран-при наградата на ликовниот конкурс е средношколката Нена Стојкоска од Гевгелија. На авторите на најдобрите литературни и ликовни творби им беа доделени награди од издавачката куќа „Просветно дело“.

Градоначалникот Марко Колев ги поздрави младите поети и уметници и порача нивната младост да биде чувар на името на Рацин.

– Вие сте авангардата што преку стих раскажува за безвремениот поет, а светот одново и одново ќе дознава за Велес и Македонија. Ви посакувам денов да ви остане во долго паметење и да ве исполнува со непресушна творечка инспирација. Каде и да одите, што и да правите секогаш понесете од Рациновската љубов за да може светот да се прегрне преку неа. Кога и да ни дојдете пак, Велес одново ќе ви се израдува, порача градоначалникот Колев

Свеченото отворање на 54. Детски Рацинови средби беше збогатено со настап на членовите на балетското студио „Анабела“.

Во рамки на одбележувањето, во Ликовниот салон се одржа и промоција на четири книги на автори на детска литература, во организација на Општина Велес, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и Издавачката куќа „Просветно дело“.

Беа промовирани книгите: „Насмеани стихови“ од Сузана Мицева, „Борко брзозборко“ од Ксенија Маказлиева Трајчева, „Календар на детството“ од Киро Донев и „Детето со ѕвезда на челото“-приредувач Ана Витанова Рингачева.

Во рамките на програмата на 54. Детски Рацинови средби, учесниците, домаќините и гостите положија букети цвеќе на споменикот на Рацин во центарот на Велес, а традиционално добитниците на наградите во двата конкурса заедно со своите ментори и организаторите ја посетија и Спомен куќата на Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес.

Би можело да ве интересира

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ

Маж допирал малолетничка во училиштен двор во Велес

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски

Велешанец e нападнат во казино

Горан Наумовски

Тешко повреден возач кој излетал од мостот кај Градскиот базен во Велес и паднал на пругата

Горан Наумовски