ВИДЕО: Алтернатива ќе гласа за недоверба на Владата зошто Апасиев го тргнал потписот

Од:

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, посочи дека неговите четири пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата предводена од СДСМ и ДУИ. Тој вели дека е надминато недоразбирањето со Скендер Реџепи кој не сакаше да гласа на седницата за недоверба, зошто на списокот со потписи беа и пратениците од Левица. Гаши кажа дека ќе влезат во нова Влада само ако таа има јасни определби за евроатланска интеграција на Македонија.

„Во минатите денови претставниците на Алтернатива имаа грешка која за нас преставуваше проблем. Тој проблем е отстранет. Апасиев го повлече својот потпис од Иницијативата за недоверба на Владата. Алтернатива има 4 пратеници и утре ќе гласаме за недоверба на Владата“, кажа Гаши.

Гаши кажа и дека тој со неговата партија сметаат дека не треба да има избори, туку само избор на нова Влада.

„Збориме за првата фаза која утре ќе заврши. Не знаеме како ќе заврши. Ние како партија ќе одлучиме врз кои принципи ќе преговараме со идниот мандатар, а со партиските органи ќе се договориме како ќе гласаме во иднина. Како опозициска партија, ние сме првпат пред овој предизвик, ДУИ да оди во опозиција. Добро е да се случи промена. Но, Алтернатива може да направи колку што можат да направат четири пратеници. Ние сме тука со нашите принципи и политичка волја, да стоиме на нашиот пат“, додаде Гаши.

Би можело да ве интересира

Гаши: Постапка за одземање имунитет може да почне само со официјално барање

Горан Наумовски

Беким Сали нов лидер на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Гаши: Да инвестираме повеќе во образование, наука и толеранција

Горан Наумовски

Снопче бара од Гаши пред Нова Година да ги распише повторните избори во четирите општини

Предлог – буџетот за 2026 година на пленарна седница на 9 декември

Катерина Ѓуровски

Гаши на средба со екс-претседатели на Собранието – предложено основање неформален совет