Свеченото доделување на наградата „Бест“ (The Best) ќе се одржи на 17 јануари идната година во Женева, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
– Церемонијата ќе остане виртуелна „во согласност со здравствените мерки“, соопшти ФИФА.
Доделени ќе бидат вкупно 11 награди, од кои најзвучни традиционално се признанијата за најдобар фудбалер и фудбалерка.
Процесот на гласање почнува на 22 ноември, а завршува на 10 декември.