Манчестер Јунајтед ја одбил понудата на Челзи од 11,5 милиони евра за Вејн Руни. Британските медиуми пренесуваат дека понудата на Челзи, покрај финансиското обештетување, го вклучувало и трансферот на Хуан Мата и Давид Луиз.
Менаџерот на Челзи Жозе Мурино минатата недела изјави дека „многу му се допаѓа“ идејата Руни да се пресели од Манчестер во Лондон.
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Дјевид Мојес, пак, на тоа возврати дека Руни не е на продажба.
Вејн Руни е незадоволен од својот статус во клубот, особено што Мојес најави дека ќе биде му биде втора опција во нападот по Робин Ван Перси.
Неговото заминување во многу зависи и од тоа што следното лето се игра Светското првенство во Бразил, па евентуалното седење на клупа би ги намалило шансите Руни да се најде во составот на Англија.